Почетна / Филм / „Шеќерни луѓе“ патува на фестивалите во Прованса, Римини и Камбрија

„Шеќерни луѓе“ патува на фестивалите во Прованса, Римини и Камбрија

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ во ноември ќе биде прикажан на 40-то издание на Festival Tous Courts of Aix-en-Provence и 15-то издание на Amarcort Film Festival во Римини, а во февруари 2023 година, и на Cambria Film Festival во Калифорнија, САД.

Филмот кој премиерно беше прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД, во јуни, годинава, освои четири награди во изминатите три месеци на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови.

Наградата за најдобра оригинална музика чиј автор е Дуке Бојаџиев ја понесе на CineParis Film Festival, за најдобар постер дизајниран од Коста Лазаревски, беше награден на Toronto Women Film Festival, а Сара Климоска која ја толкува една од главните улоги, за најдобра актерка е прогласена на Kiez Berlin Film Festival и на Reale Film Festival.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега е селектиран во официјална селекција на 12 интернационални фестивали за краткометражни филмови во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија и Парагвај, а ја имаше својата интернационалната премиера на 22-то издание на филмскиот фестивал во Беверли Хилс во САД на 4 јуни 2022. Пред премиерата, филмот беше селектиран и беше дел од каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови со одржана проекција во рамките на филмскиот маркет на 26 мај оваа година, како единствениот македонски краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!