Почетна / Сапуници / Сарп од „Инсајдер” купи нова куќа, сосед ќе му биде Кузеј од „Браќата”

Сарп од „Инсајдер” купи нова куќа, сосед ќе му биде Кузеј од „Браќата”

Сарп од „Инсајдер“ му станува комшија на Киванч Татлитуг. Како изгледа новата куќа на Чагатај Улусој?

Според турските медиуми, глумецот Чагатај Улусој (за нас познат како Сарп од серијата „Инсајдер“) изморен од плаќање месечна кирија од 16 000 лири (1765 евра), решил да купи куќа и тоа токму во соседството на неговиот колега и пријател Киванч Татлитуг (познат како Кузеј од “Браќата”).


Овие двајца супер-згодни и успешни турски глумци, ѕвезди на популарните турски серии се долгогодишни пријатели. Покрај тоа што соработуваат на неколку проекти исто така редовно се дружат и одат на одмор заедно. Сега се чини ќе станат уште поблиски со оглед на тоа дека ќе бидат комшии.


Чагатај за македонската публика во моментов е актуелен со улогата на Сарп во популарната серија „Инсајдер“ на туската продукциска куќа Ay Yapim која е меѓу најголемите продукции во светот. Успехот на „Инсајдер“ го покажува фактот дека е најгледана турска серија онлајн во над 50 земји. Инсајдер ја следи приказната на двајца браќа Сарп Јилмаз (Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (толкуван од Арас Булут Инемли) кои биле разделени како деца и се среќаваат многу години подоцна но се на спротивните страни на законот.

Куќата што ја разгледувал и планира да ја купи 30 годишниот Чагатај, во маалото на турскиот Бред Пит (Киванч Татлитуг) според медиумите е прекрасна, пространа вила и чини 5 милиони лири или околу половина милион евра.

На снимањето на „Инсајдер“, Чагатај ја запозна и својата љубов, Дујгу Сарсин. По гласините дека раскинале па потоа дека се смириле, при едно скорешно интервју на Чагатај му беше поставено прашањето:

„Со Дујгу Сарсин сте во врска на далечина. Како оди? Дали врската меѓу двајца актери е рецепт за совршена хармонија или знае повремено да биде многу тешко? “

Чагатај одговори: „Супер сме, се е ОК. Начинот на кој ја разбирам љубовта се менува со годините или како што рекол Хемингвеј: Најубаво нешто во животот е да имате една личност која ги знае сите ваши маани и се уште мисли дека сте прекрасен.
Сепак тој не откри дали планира во новата куќа да се всели заедно со Дујгу.
Одличната хемија меѓу Чагатај и Дујгу е евидентна во серијата „Инсајдер“, уживајте во секоја нова епизода секој ден од 19.55 часот на TDC Macedonia.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „Ангели“, на Сител започнува спортската животна драма „Шампион“

Наскоро… кога битката за височините ќе се претвори во битка за највредното, тогаш играта станува …

error: Содржината е заштитена!