Почетна / МК Сцена / „Rolling in the Deep“ во изведба на Панчо (ДНК)

„Rolling in the Deep“ во изведба на Панчо (ДНК)

 

Анплагд концертот на Р&Б дуото ДНК којшто се одржа на 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје, беше несекојдневно доживување за присутните, не само поради гостите и одличната изведба на најголемите хитови на ДНК во една поинаква димензија туку и заради изненадувањето кое Панчо им го приреди на самиот почеток на концертот.

 

 

Иако тој е задолжен за рапување во нивните песни, публиката имаше одлична можност да се увери и во неговиот талент за пеење, преку извонредната изведба на големиот светски хит “Rolling in the Deep” од Адел. Како сето тоа изгледаше и звучеше погледнете самите и уживајте.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!