Почетна / МК Сцена / Ris Flower со акустична верзија на „Come undone” од Duran Duran

Ris Flower со акустична верзија на „Come undone” од Duran Duran

нашата интернационална музичка звезда, Ris Flower, изненадува со уште едно фантастично парче музика – Акустична верзија на хитот “Come Undone” од “Duran Duran”. Акустичната верзија на “Come Undone” во изведба на Ris Flower е емотивна балада во која доминира одличниот вокален перформанс на Ris Flower, надополнет со женски пратечи вокал, пијано и виолончело.

Ris Flower ги доби официјалните права од членовите и од продукциската куќа на англискиот бенд “Duran Duran” за препев на еден од најголемите музички хитови на сите времиња – “Come Undone”.

Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а за врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар.

Овој сингл излегува непосредно пред  концертот кој ќе се одржи во четврток – на 18ти мај во клубот СТАНИЦА 26 во Скопје, на кој Ris Flower ќе го промовира албумот “Flow”.

Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk
https://mktickets.mk/event/ris-flower/

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владо Јаневски во Охрид – концерт на 10 август во „Антички театар”

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно …

error: Содржината е заштитена!