Почетна / Забава / Програма на овогодинешното издание на Ohrid Calling 2023

Програма на овогодинешното издание на Ohrid Calling 2023

Ohrid Calling продолжува да се подобрува секоја година благодарение на вашата поддршка и постојаното поттикнување за напредок. Вашиот предизвик ги мотивира Авалон да се стремат кон совршенство, осигурувајќи се дека секое ново издание ќе остане запишано во вашата меморија како неповторливо и незаборавно фестивалско искуство!

Оваа година следува очекува извонредно фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери:

Од тропските dance-pop звуци на хитмејкерот Jonas Blue и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Steve Aoki и лудата енергија на вашиот омилен Salvatore Ganacci кој за прв пат дојде во 2018 како анонимен а денес е премиум DJ кој настапува на сите големи светски фестивали.

Покрај нив, со заслужено место на овогодинешниот лајнап се наоѓаат и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Horger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Таsev и Jana Slayy!

Во среда (17ти мај) во 09 часот наутро, на новата тикетинг мрежа ticketx.mk, започнува продажбата на БЛОК ВЛЕЗНИЦИ (за сите 4 фестивалски денови) по исклучително поволни цени:

БЛОК ПАРТЕР – 3.500 ден. (€53)
БЛОК ФАН ПИТ – 4.500 ден. (€73)
БЛОК ВИП – 6.000 ден. (€100)

Програмата за секој посебен фестивалски ден како и цената на дневните влезници ќе биде објавена на 12ти јуни, додека продажбата на влезници ќе почне на 14ти јуни.

This year, the sky is our limit! Авалон продукција!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Со песната „Темјана”, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски, …

error: Содржината е заштитена!