Почетна / Филм / Неделата на македонскиот филм на МТВ завршува со „Медена ноќ“

Неделата на македонскиот филм на МТВ завршува со „Медена ноќ“

 

Политички трилер на МТВ 1 во недела, 8 јануари во 20:15 часот

 

 “Медена ноќ” е македонски игран филм снимен по режија сценарио на Иво Трајков, а главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски, Верица Недеска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Сабина Ајрула. Филмот е работен во копродукција со Чешка и Словенија, а приказната е инспирирана од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, кој важи за еден од најдобрите чешки сценаристи.

 

 

Скопје, рани 90ти, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10 годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик министер и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници.

 

 

Тие се свесни дека нивниот дом е прислушкуван и точно знаат во кои простории се инсталирани направи за прислушкување. 

Ана разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. 

 

 

На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани направи за прислушкување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но…

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …