Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Ребрендинг на Алфа со новата утринска програма „Добро утро, секое утро“
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК - НОВА УТРИНСКА ПРОГРАМА НА АЛФА

Ребрендинг на Алфа со новата утринска програма „Добро утро, секое утро“

Од понеделник до петок телевизија Алфа ќе емитува нова утринска програма “Добро утро, секое утро” како дел од ребрендингот на телевизијата. Од 6.30 часот до 11 часот ќе се дружите со Андреј Василевски, Анастасија Богдановска, Ана Тодевска и Стефан Лазаров во новиот утрински телевизиски магазин за сите гледачи.

Сервисни информации за тековниот ден, линковски вклучувања од моменталните случувања во Македонија, вести од спортот и културата, забавни содржини, како и промоции на нови музички актуелности и пејачки имиња.

Тоа се само дел од содржините на утринската програма, во која свое учество ќе имаат и гледачите. Како крај за утринската програма, околу 10 часот следува тинејџерско издание со Ана и “Тин мин”, а во 10.30 часот се утринските вести.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата емисија „Заспиј ако можеш“ се враќа на Алфа со нова сезона

Од понеделник (14 септември) започнува новата, втора сезона од вечерната дебатна емисија “Заспиј ако можеш” …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!