Почетна / Сапуници / Публиката во Обединетото кралство спобудале по оваа серија

Публиката во Обединетото кралство спобудале по оваа серија

Неверојатна побарувачка за странска серија. Публиката во Велика Британија наголемо ја симнува и ја бара за емитување “Две Кралства”, серијата која за брзо стана поим за квалитет и светска продукција.

Повеќе жанрови искомбинирани во безвременско парче серија. Специјални ефекти пред кои критиката занеме, а публиката симна капа.

Интернет публиката се воодушени од серијата која доаѓа од живописниот Бразил и во себе го носи луксузот на Западот. Токму таа публика во Обединетото британско кралство секојдневно ја побарува серијата да биде прикажана на нивните мали екрани, а дотогаш горат кликови за “download” на секоја следна епизода од ова феноменално дело.

И додека Британците се надеваат дека некој ќе им ја донесе серијата на телевизија… додека Германците студено и дисциплинирано го очекуваат исто така тој момент да се случи и кај нив, ние … разиграните и скандалозни Македонци ја имаме големата шанса да ги следиме “Двете кралства” ексклузивно и во Македонија.

И тоа токму преку фреквенцијата на телевизија Сител. Затоа, бидете подготвени и очекувајте го стартот за спас на кралевите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!