Почетна / Сапуници / Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани
Од понеделник до петок на Дизи каналот со титл на македонски јазик

Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните “Истанбулската невеста” и “Мојот дом”. Серија со една поинаква тематика, серија со поинакви емоции и големи животни поуки.

Во првата сезона, емитувана на Сител, се запознавме со Хан, успешен бизнисмен кој живее заедно со неговиот татко Хикмет и неговите три сестри Сафијe, Ѓулбен и Нериман.

Хан го посветува целото свое време за семејството и нема свој приватен живот.

Неговиот татко боледува од дијабетес, неговата мала сестра Нериман боледува од астма додека неговите две големи сестри имаат психички проблеми.

Сафије и Ѓулбен се опседнати со хигиената во домот, дури четири пати го мијат зеленчукот со сапун и не пуштаат никого во кујната како не би внеле бактерии.

Нивната зависност од чистење ги прави животите на членовите на семејството тешки и мачни. Бидејќи сакаат да исчистат сè на совршен начин, трошат толку многу време дури и да подготват едноставно јадење.

Братот им приоѓа на своите сестри со многу внимателност и разбирање, не ги осудува и се труди максимално да им даде поддршка притоа правејќи жртва за сопствениот живот.
Но, една случајна средба со младата девојка Инџи го менува животот на Хан.

Опсесија и посесивност. Љубомора и интровертност. Проблеми со кои ќе мора да се соочат Хан и Инџи, проблеми кои се косат со здравиот разум и проблеми кои може да се решат само еднаш и засекогаш – со спротиставување кон двете чудни сестри.

А причината за чудното и лудо однесување на сестрите лежи во сенките од минатото, во траумите од тешкото детство кои им ја уништиле кревката невиност.

Првата сезона беше емитувана на телевизија Сител, а сега целата серија, од почеток до самиот крај ќе се емитува на кабловскиот канал Дизи. Од 17 април (понеделник) во 18.20 часот – “Невиност” од прва до последна епизода.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!