Почетна / Телевизија / АВМУ донесе Упатство за политичко рекламирање на медиумите

АВМУ донесе Упатство за политичко рекламирање на медиумите

Советот на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиуми на својата 15-та седница одржана на 29.03.2019 година, донесе Упатство за начинот на спроведување на одредби од изборниот законик за време на кампањите за претседателските избори. На овој начин на радиодифузерите им се обезбедени јасни правила и правна сигурност при емитувањето на различните облици изборно медиумско претставување во текот на изборните кампањи за изборите за претседател на Републиката и за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид во 2019 година.

Распределбата на времето за бесплатно политичко претставување на Собранискиот канал, предвидена во член 76-а став 8, во текот на изборните кампањи 2019 година се применува на следниов начин:

  • Во текот на секој круг гласање за претседател на државата, 3 (три) часа бесплатно политичко претставување за кандидатите за претседател (вкупно шест часа за двата круга), распределено еднакво меѓу кандидатите;
  • Во текот на секој круг гласање за градоначалници, 1 (еден) час бесплатно политичко претставување за кандидатите за градоначалници (вкупно два часа за двата круга), распределено еднакво меѓу кандидатите.

ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

  1. Начинот на распределба на времето за платено политичко рекламирање, предвиден во член 75-ѓ став 1, во текот на изборните кампањи 2019 година се применува на следниов начин:

  • Радиодифузерите за платено политичко рекламирање за двата изборни процеси во 2019 година, и во првиот и во вториот круг на гласање, можат да одвојат вкупно 9 (девет) минути на реален час програма.
  • Во 4-те минути за платено политичко рекламирање за политичките партии на власт, ќе се емитува рекламирањето за кандидатот за претседател и за кандидатите за градоначалници поддржани од партиите на власт.
  • Во 4-те минути за платено политичко рекламирање за политичките партии во опозиција, ќе се емитува рекламирањето за кандидатите за претседател и за градоначалници поддржани од партиите во опозиција.
  • Во преостанатата една минута за платено политичко рекламирање ќе се емитува рекламирањето за кандидатите за градоначалници поддржани од политичките партии кои немаат пратеничка група во Собранието и за оние кои не се застапени во Собранието.
  • Ваквата распределба на времето важи за радиодифузерите кои емитуваат програма на национално ниво и за радиодифузерите на регионално и на локално ниво кои емитуваат програма во општините во кои се бираат градоначалници (Дебар, Ново Село и Охрид).

  • Ваквата распределба на времето важи и за радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање само за кандидатите за градоначалници.
  • Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање само на кандидатите за претседател на државата, и во првиот и во вториот круг на гласање, можат да одвојат вкупно 8 (осум) минути на реален час програма наменети само за платено политичко рекламирање. Притоа, кандидатот поддржан од партиите на власт може да добие најмногу 4 минути, а кандидатите поддржани од партиите во опозиција можат да добијат најмногу 4 минути само во оние реални часови во кои само едниот од овие кандидати побарал платено политичко рекламирање.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Со овaa песнa, Мартинијан се пласираше во финале

Во четврток, 20 јуни, со почеток во 21 часот ќе се одржи финалето од оваа …