Почетна / Телевизија / Зорица за Адам : Ако не поминеш во финале, јас ќе си ги исечам вените

Зорица за Адам : Ако не поминеш во финале, јас ќе си ги исечам вените

 

Адам Лабунски по втор пат помина во третиот круг на Пинк

 

Македонскиот учесник Адам Лабунски во српското шоу “Ѕвездите на Пинк” се појави и оваа сезона и успешно го помина и вториот круг од натпреварот. 25 годишниот долгокос успева и оваа сезона да ги разнежни женските срца во публиката на Пинк и да ги освои симпатиите на жирито во изменет состав. Тој ја отпеа турбо фолк песната “Čisto da znaš” од Пеџа Меденица, на што доби критика од Бора Чорба да внимава на украсите и да избере подобра песна во третиот круг.

 

 

– Одлично беше. Браво. Ова момче пее многу добро, се’ е на свое место. Како поминуваше песната, стануваше се’ подобар и подобар – искоментира Шабан Шаулиќ, кој оваа сезона од Гранд премина во жирито на Пинк. Кон коментарот и пофалбата се придружи и Маја Николиќ.

За Зорица Брунцлиќ, Адам е најкомплетната личност која е дел од Пинковите ѕвезди.

 

 

– Ти можеби не пееш најдобро тука, но си најкомплетен, по моето скромно размислување. Ако не ти тргне тука нешто, ти ќе бидеш гостин на мој концерт. Ако не дојдеш во финалето, јас ќе ги исечам вените – искоментира скандалозната пејачка.

Во продолжение, погледнете го неговиот нов настап, кој македонската публика нема да го гледа на Сител со оглед на забраната од ЗАМП која ја почитуваат скоро сите телевизии :

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …