Почетна / Филм / Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе ги следиме во наредниот период :

сабота (17 август), 21.00 часот – “Берлин Капут”

По падот на Берлин, следуваат драматични времиња за партизаните Марко, Митре и Коста. Денот на победата значи и нови немири и љубовни разочарувања за младите партизани.

сабота (17 август), 23.15 часот – “Летото е виновно за сѐ

Комедија од ’61 на Пуриша Ѓорѓевиќ, во којa ја следиме приказната за Вишња, која ќе мора да замине на летување пред нејзиниот сопруг. Но, таму ја очекуваат многу додворувачи, а со тоа и многу искушенија.

недела (18.авгут) – 21.00 часот – “Рафал кон небото”

Кога еден партизански офицер ќе наиде на спалена куќа и убиени деца, решава да се одмазди на убиецот – четникот. Велимир Бата Живојиновиќ е четникот во воената драма од 1958. година.

недела (18.авгут) – 23.15 часот – “Сон”

Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ и Мија Алексиќ во уште една воена драма, номинирана на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин 1966 година. Приказна за војната која ќе роди и раздели една љубов во навидум слободните градови Чачак и Ужице.

понеделник (19 август) – 20.20 часот – “Во име на народот”

Трагикомичен филм на Драган Николиќ од ’87 година, за еден социјалистички директор кој ужива воодушевување кај народот поради неговите успеси. Но, тоа предизвикува и завист и омраза кај неговиот возач.

понеделник (19 август) – 22.30 часот – “Ајдук”

Воена драма за двајца другари – офицери кои по Првата светска војна, се одликуваат со медали за храброст. Едниот станува командант на жандермеријата, а другиот ајдук, одметник и бегалец од власта.

вторник (20 август) – 20.20 часот – “Земјаци”

ЈУ филм од 1971 година на македонски јазик, чие сценарио е напишано од Коле Чашуле. Улогите ги толкуваат Дарко Дамевски, Тодорка Кондова, Драги Костовски.

вторник (20 август) – 22.30 часот – “Убава парада”

Комедија за едно поинакво време во бивша Југославија. Време на одржување на избори во едно село, кои драстично се разликуваат од оние денешните. Смеа, несогласувања и подметнувања меѓу селаните.

среда (21 август) – 20.20 часот – “Заеднички стан”

Драгутин Добричанин го напиша сценариото за оваа комедија од 60-тата година на минатиот век. Кога во еден стан ќе се вселат фамилија од дедо, мајка, татко и згодна ќерка, но плус и еден студент, еден неоткриен талент и една тетка, настанува општ хаос кој завршува со општа масовна венчавка.

среда (21 август) – 22.30 часот – “Операција Тицијан”

Трилер од 60-тите години, во кој ја следиме истрагата на еден инспектор за убиството на Уго Боначиќ. Трагите водат кон една Тицијанова слика за која е врзана необична легенда.

четврток (22 август) – 20.20 часот – “Инспектор”

Слободан Перовиќ го гледаме во улогата на Бода, кој откако по грешка во една берберница ќе земе туѓа легитимицација, прогласен е за инспектор и влегува во опасни заплети, открива големи малверзации и помага во апсењето на еден измамник.

четврток (22 август) – 22.30 часот – “Шпаидер – еден живот”

Југословенска драма за бурните времиња на една веќе мртва земја и изумрени надежи.

петок (23 август) – 20.20 часот – “Рој”

Мира Ступица, Раде Марковиќ и Светолик Никачевиќ во драмата на Миодраг Миќа Поповиќ за судењето на една Србинка која го предала сопругот на Турците.

петок (23 август) – 22.30 часот – “Тангото е тажна мисла на која се танцува”

Српска драма од поновата историја која го прати животот на еден уметник кој по враќањето во родниот град, ќе биде мета на измама од девојката Вероника. Паралелно следиме животни приказни на руските проститутки, кои меѓу љубовта и парите, го избираат тоа вистинското.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …