Почетна / Телевизија / Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како презентерка на вести. Од април 2019-та се придружува на тимот на телевизијата во презентација на актуелните настани и вести во дневните термини од 12 и 14 часот.

ТВ 24 продолжува и понатаму со точни, навремени и објективни информации за случувањата во земјава и светот, а за професионалноста, веќе имаат добиено повеќе награди од реноминирани новинарски здруженија.

Годинава, телевизијата за прв пат е прогласена за Супербренд на Македонија, исполнувајќи ги основните критериуми неопходни за здобивање на статусот, а тоа се: квалитетот, финансиската стабилност, постојаниот раст и емоционалната поврзаност со гледачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спорт, забава, мода, технологија, вести и здравје во Телма подкаст

Следејќи ги светските трендови, Телма телевизија продолжува да изненадува. Наскоро дигитален простор за возбудлива комбинација …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!