Почетна / Сапуници / Прочитајте нешто повеќе за негативецот од „Ќерката на амбасадорот“

Прочитајте нешто повеќе за негативецот од „Ќерката на амбасадорот“

Актерот Ерхан Алпај, кој го гледаме во улога на негативец во турската хит серија „Ќерката на амбасадорот“, ќе остане запаметен zaжжза верните гледачи на турските серии и по улогата во „Карасевда“ каде повторно колешка на сцената му беше Неслихан Атагул (Наре).

Ерхан Алпај е роден на 24 април 1985 година во Истанбул. Тој се вљубил во глумата уште во средно училиште кога играл во театарски претстави.

Денес е среќен татко и сопруг, па токму најголема вредност му е семејството со кое го поминува секој слободен момент. Алпај смета дека глумата е благослов и се радува на секоја нова улога, па дури и на Акин од “Ќерката на амбасадорот”.

Во интервју за турските медиуми, тој истакна дека иако Акин е социопат, сепак ужива да го игра: „Јас сум многу среќен што можам да играм таков лик“, но признава: „Би сакал да играм позитивни ликови, но секогаш во животот доаѓаат и негативни работи кои не можеме да ги избегнеме. Мораме да ги прифатиме, а всушност и секој од нас некогаш бил опседнат со злобни и темни мисли. Добрите и лошите мисли, како и светлината и темнината мора да се судрат, па така и да се соживеам и со еден ваков лик “.


Во серијата тој го толкува ликот на Акин Вардарли кој наследил значително богатство кога неговото семејство загинало во сообраќајна несреќа. Веднаш потоа, се нашол под закрила на блискиот пријател на неговиот татко, амбасадорот Гувен и со текот на времето, развил интерес не само за бизнисот на Гувен, туку и за ќерката на амбасадорот.

Акин сакал да се ожени со Наре за да влезе во политиката и сето тоа во комбинација со сопственото богатство и статусот на Гувен. Акин е нарцисоиден психопат. Тој ја силувал Наре во минатото, но тоа нема никакво влијание врз него и неговата совест, ниту превзема одговорност за своите постапки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

error: Содржината е заштитена!