Почетна / Филм / Премиерни филмови за викенд на Алфа, на ред се „Hunted“ и “Damage”
Сабота и недела на Алфа следиме квалитетна филмска понуда од 90-тите и 20-тите

Премиерни филмови за викенд на Алфа, на ред се „Hunted“ и “Damage”

Ако од понеделник до петок по централните вести следите политички дебати на Алфа, за време на викендите, оваа фреквенција ќе ви понуди интересни драми и трилери. Во продолжение, прочитајте што ќе следите овој викенд :

сабота (9 ноември) – 20.15 часот – “Прогонет”

Бенисио дел Торо и Томи ли Џонс во акциониот филм од 2003 година “The hunted”.  Филмот зборува за Арон, обучуван од најдобрите за да ги извршува најтешките мисии. Но војните и траумите од нив оставаат длабоки траги кои влијаат на неговата психа. Сега ФБИ сака да го пронајде и да се ослободи од него засекогаш. Но ваков совршено трениран убиец е тешко да се пронајде а уште потешко да се фати.

Кога некако ќе успеат да го фатат тој одбива да соработува и ФБИ не знаат како да се справат со ваков ладнокрвен убиец. Планот е да се убие овој војник бидејќи тоа е најлесниот начин да се закопаат сите тајни кои тој ги знае и за кои може да проговори. Тој успева да побегне и сега започнува вистинска брканица и игра на мачка и глушец во која не се знае кој кого попрво ќе неутрализира.

недела (10 ноември) – 20.15 часот – “Штета”

Помеѓу еден политичар и млада девојка сосема случајно се раѓа романса која прераснува во вистинска љубов. Без да насетат дека таа љубов никако не може да опстане бидејќи таа е всушност девојка на неговиот син тие навлегуваат премногу длабоко во страстите и емоциите.

Семејството полека почнува да се сомнева дека можеби сепак нешто тајно се случува и љубовниот триаголник полека почнува да се заплеткува. Аферата на крајот се дознава, добива и медиумска позадина по што тој мора да ја напушти политичката кариера и нивните животи се претвараат во вистински пекол..

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!