Почетна / Uncategorized / Насмејте се со чудното и шарено село за викенд на Сител

Насмејте се со чудното и шарено село за викенд на Сител

Станете дел од едно чудно село. Село кое за многумина е заборавено од светот.

Во тоа село ништо не е нормално и вообичаено. Во тоа село важи зборот исклучиво на жените.

Сите мора да ги почитуваат женските правила и сите мора да се однесуваат онака како што ќе кажат жените.

На ергените во селото не им преостанува ништо друго освен да се женат со селанките, а пак Илкѓун, девојката од тоа село е заљубена во човекот од фотографијата од интернет, и не сака да се омажи со некој нејзин соселанец.

Затоа, селската убавица ја користи приликата кога татко ѝ нема да биде во селото и решава да замине за Истанбул како би го запознала Ферит.

Ферит и Илкѓун се вљубуваат еден во друг, но за да се ожени тој со неа, ќе мора да ги слушне и прифати обичаите на убавото, но чудно селце. Друго чаре нема.

Селаните дозволуваат човек кој не е нивен жител да се ожени со девојка од селото, ако и само ако се пресели и живее во нивното село. За Ферит не постои друга опција, па така ќе мора да започне да се навикнува на новите традиции и чудни адети во ова шарено село.

Насмејте се со Сител и новата викенд комедија за “Девојката од село”. Празници се ближат – забавата и  овојпат е на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миран од „Дива“ се враќа во нова урнебесна комедија на Канал 5

“Луда Куќа”, нова семејна комедија на Канал 5 телевизија. Додека ги следите последните епизоди од …

error: Содржината е заштитена!