Почетна / Живот / Правилната испорака на онлајн нарачките клучна во корона-кризата
delivery man smiling and holding a cardboard box

Правилната испорака на онлајн нарачките клучна во корона-кризата

Се покажа дека оваа година беше клучна за поштенската индустрија која му ја покажа на светот својата флексибилност, упорност и непроценливата улога која ја игра во секое општество, Тоа беше дел од пораката за Светскиот ден на поштите, потенцирајќи ја важноста и пожртвуваноста на поштенските работници додека пандемијата и карантините беснееја низ целиот свет и истите работеа напорно за да ги достават поштенските пратки.

Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаниите има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките. Токму затоа, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку платформата „eCommerce4All.mk“ на едно место ги прикажува сите курирски компании во Северна Македонија, каде транспарентно се прикажани ценовниците и можностите за испорака на пратки кои тие ги нудат, што ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти.

Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, ќе овозможат детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

– „Царината има клучна улога во прекуграничното движење на стоките и во прекуграничната е-трговија, бидејќи стоките што се предмет на извоз или увоз треба да бидат предмет на царинска контрола. Како резултат на одличната соработка со Асоцијацијата за е-трговија, преку овој модул и промотицните видеа, Царинската управа треба да им помогне и да ги охрабри економските оператори, особено малите и средни претпријатија да се вклучат во прекуграничната е-трговија и да ги извезуваат нивните производи во странство“ – велат од Царинската управа.

Преку овој модул, како што велат од АЕТМ, сите е-трговци и е-потрошувачи на едноставен и интерактивен начин се информираат и запознаваат за понудата и можностите кои ги нудат курирските служби во нашата држава сѐ со цел правилно да одлучат и одберат кој ќе биде нивни партнер при испораката на производите кои онлајн ги продаваат.

– „Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All“ едуцира за безбедно и легално онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници со сопствено веб решение или како дел од локален е-пазар.“ – додаваат од таму.

Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

36 посто од е-купувачите купуваат онлајн поради Ковид пандемијата

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат …

error: Содржината е заштитена!