Почетна / Серии / Познатата ABC драма „Revenge“ сега и на Нова за македонските гледачи
Од понеделник до петок во 13.30 часот на Нова

Познатата ABC драма „Revenge“ сега и на Нова за македонските гледачи

Популарната американска сапунска драма “Одмазда” од понеделник до петок на кабловската Нова во 13.30 часот. Серијата ќе ја следите со македонски титл, чии права за емитување во Македонија ги има оваа телевизија.


Содржината е инспирирана од романот Грофот од Монте Кристо на Александар Дима, а по само неколку емитувани епизоди во САД, Одмазда станала најгледана ТВ серија на ABC во средите во терминот на прикажување по Изгубени во сезоната 2006–07 и станала единствената нова серија по повеќе од четири години која го достигнала успехот на Изгубени во возрасната категорија 18–49 години.

Содржина:
Емили Торн е убава, богата млада девојка со мистериозно минато. Кога била мало девојче, татко ù бил неправедно изманипулиран од моќни луѓе и невин завршил в затвор, каде и згаснал неговиот живот. Емили, која тогаш се викала Аманда завршила во Центар за згрижување на деца, каде што поминала тежок период во своите тинејџерски години, бидејќи таму вработените ја третирале како да се наоѓа во Дом за малолетни престапници, поради „криминалот“ на нејзиниот татко.

Во сета несреќа, светлиот зрак е тоа што татко ù и оставил големо богатство кое и овозможило да го смени името и да се пресели повторно во нејзиното родно место Хамптонс и еден по еден, да им се одмазди на сите луѓе, кои биле вмешани во уништувањето на неговиот живот. Викторија Грејсон, главата на семејството Грејсон и жената која ја сакал таткото на Емили која на крајот го предала, е на врвот на нејзината одмазничка листа.

Додека го спроведува својот план, Емили се обидува да го управува високото општество кон уништување на оние кои го предале нејзиниот татко. Но, колку подалеку оди, толку повеќе доаѓаат до израз нејзините чувства и таа започнува да се сомнева во нејзиниот мотив и потезите кои што ги прави.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …