Почетна / Забава / Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

На платото кај „Млечен” и на плоштадот „Делфина” од 26 до 28 август ќе се одржи традиционалната културна манифестација на општина Карпош, „Карпошово културно лето 2021″.

Првиот ден од „Карпошово културно лето 2021″ на 26 авгус на „Делфина” во Влае 2 ќе започне со настап на хорот на Детскиот фестивал „Поточиња” од 19:00 часот, а во детскиот дел ќе има и маскоти за анимирање на најмладите. Во 20:00 часот присутните ќе имаат можност да уживаат во перформансот на Ди-Џеј Мартинм, а првиот ден ќе го затворат популарното дуо Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, кои од 20:45 часот ќе пејат свои авторски песни, како и хитови за сите генерации.

Вториот ден од „Карпошово културно лето 2021″ на 27 август на платото кај „Млечен” во УЗ „Владо Тасевски”, oд 19:30 часот ќе започне со детска музика и популарни детски маскоти, а од 20:15 часот вечерта ќе продолжи со перформанс на Ди-Џеј Баже.

Во вечерниот дел, од 21:00 часот, карпошани и граѓаните на Скопје ќе имаат можност да уживаат во концертот на нашата најголема музичка ѕвезда, Каролина Гочева. Ова ќе биде нејзин прв концерт на отворено, по пауза од две години. Таа, со својот бенд, во живо ќе изведе повеќе песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2″, „Извор”, а ќе отпее и дел од поп-хитовите.

Последниот, трети ден од „Карпошово културно лето 2021″ на 28 август, на платото кај „Млечен” од 19:30 часот ќе настапи македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, а ќе има и детски маскоти за анимирање на најмладите.

Во 20:15 часот, перформанс ќе има Ди-Џеј Баже, а Културното лето ќе го затвори Тамара Тодевска, која од 21:00 часот ќе одржи целовечерен концерт. По нејзините успешни концерти во Античкиот театар во Охрид и Хераклеа во Битола, карпошани и скопјани ќе можат да ја слушнат во живо и во срцето на главниот град.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува турнејата „IL DIVO greatest hits“ посветена на починатиот член

Интернационлната музичка светска атракција, ансамблот „Ил Диво“, оваа година ќе ги одржи своите незаборавни концерти …

error: Содржината е заштитена!