Почетна / Серии / Последна сезона на скандинавскиот трилер „Мост“ на МТВ 1

Последна сезона на скандинавскиот трилер „Мост“ на МТВ 1

Oд понеделник (17 декември) во вечерните термини на првиот канал на МТВ започнува последната, четврта сезона од скандинавската крими серија “Мост”. Последната сезона ги остави гледачите ширум светот во солзи поради опростувањето од фантастичната Сага Норан, која во минатите три сезони ги водеше низ неверојатно напнати случаи, но и ги запозна со својот необичен живот и личност.

Во новата сезона, ја гледаме Сага во затвор, обидувајќи се да докаже дека не ја убила мајка си. Додека Сага ги чека новостите од судската порота, нејзиниот партнер и детектив Хенрик се мачи да ја дознае вистината за своето семејство и да открие што всушност се случило со неговите деца.

И во оваа сезона, едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува уште еден комплициран случај. Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот, но дали за тоа ќе им биде потребна и Сага? Следува последна и највозбудлива сезона од шведско данската продукција “Мост”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мрачна истрага во српската серија „Кљун“ секоја вечер на МРТ 1

Мрачна мистерија што ги пробива границите на жанрот “Кљун” е серија која го освои вниманието …

error: Содржината е заштитена!