Почетна / Сапуници / Алфа со реприза на либанската серија „Чело“ секое утро

Алфа со реприза на либанската серија „Чело“ секое утро

“Чело” е првата либанска серија која се емитуваше во Македонија на Алфа телевизија, а сега повторно репризно емитување и тоа од понеделник до петок во 9.20 часот наутро. Се работи за серија, снимена во 30 продолженија која е адаптација на познатиот американски филм од 1993 година – “Indecent proposal” со Деми Мур и Роберт Редфорд.

За потсетување, главната хероина е Јасмин, убава и млада жена, мажена за пијанистот Адам. Нејзината најголема љубов е челото, инструментот чии звуци ја разнежнуваат нејзината душа и ги поттикнуваат нејзините соништа. Таа и сопругот се наоѓаат во финансиска криза и решаваат да подигнат кредит од банката од 500.000 долари, како би го оствариле нивниот животен сон – да создадат музичка империја. Но, нивниот розов сон се претвора во ужасен кошмар. Една ноќ, откако ќе ги потрошат парите за проектот, целата империја се руши. Јасмин несакајќи го заборавила кафето да се вари, и пламените јазици го уништуваат сето тоа што го изградија, го срушија во еден миг сето она за кое сонуваа и се бореа.

Во една таква ситуација, младиот брачен пар се среќава со билионерот Тејмор, мистериозен човек, заинтересиран за пропаднати проекти кој станува опседнат со Адам и Јасмин. Тој им нуди непристоен предлог на сопружниците – милион долари со кои ќе ги извлече од бедата во замена за 24 часа поминати со Јасмин. По преговорите, Адам и Јасмин се согласуваат на таа понуда, иако и на двајцата ѝм е тешко да го прифатат тоа. Адам во болка и солзи ја испраќа Јасмин на јахтата со Тејмор, а таа е сигурна во љубовта кон сопругот и му ветува дека нема ништо да стори погрешно со Тејмор.

Но, после тој ден и после таа ноќ, почнуваат да се менуваат работите. Ништо повеќе не е исто. Неговиот однос кон неа, часовите минати заедно, магијата која ѝ ја приреди милионерот ќе побудат нови чувства кај младата девојка. Ќе се жртвува ли Јасмин во име на идната среќа која ја очекува или новите чувства ќе направат нови нишки на нејзината судбина?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …