Почетна / Сапуници / По Ваше барање – „Забранета љубов“ од понеделник до петок на Сител
19:45 часот - од понеделник до петок - драма на Сител телевизија

По Ваше барање – „Забранета љубов“ од понеделник до петок на Сител

Историската сага за една голема и “Забранета љубов” продолжува со нови епизоди на Сител но наместо во викенд деновите, од сега ќе ја следите од понеделник до петок во истиот термин – 19.45 часот.

Разнежнете се со драматичната љубов на богатата Ѓулфем и рударот Давут веќе од понеделник, 26 јуни во 19.45 часот со новите и највозбудливи епизоди досега.

Ќе успее ли борбата за правда на селаните и ќе дозволи ли злобниот земјопоседник да се оствари љубовта на неговата ќерка со човекот кој е закана за неговото владеење во таа земја без закони? Земја каде крвта допрва ќе се пролева, а каде забранетата љубов е единствено нешто кое може да ја сопре таа крв.

Следете ги последните случувања на “Забранета љубов” од понеделник до петок, а насмејте се од срце со “Романтичното маало” од сега само во сабота и недела, деновите кога на семејството му треба доза хумор и забава.

Драми и комедија за сите возрасти само на Сител ова лето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!