Почетна / Сапуници / Во низата репризи на Алфа следува рециклажа на турска од Сител

Во низата репризи на Алфа следува рециклажа на турска од Сител

Телевизија Алфа продолжува да емитува репризи на веќе емитувани содржини. Покрај реппризите на српски емисии и филмови кои ги давале досега многупати на својата фреквенција, место во програмата веќе две години имаат и репризите на турските серии кои со голем успех биле емитувани на други телевизии.

На Алфа сите емитувани премиерни турски серии поминале тотално незабележително за разлика од оние на А1, Сител, па и Канал 5 кои се омилени кај гледачите. Па, китење со туѓи перја очигледно им е најлесна варијанта на Алфа. И најсигурна.

Па така, првично започнаа со реемитување на Шехерезад и Лисјата, кои буквално “растурија” своевремено на А1 телевизија, а потоа продолжија и со “Величествениот”, најголемиот феномен на Канал 5.

И сега, следна во низата репризи е серија емитувана со голем успех на Сител.

Се работи за „Аси“, една од најпознатите турски теленовели чие дејство е сместено во Антиохија, таинствен и магичен град на брегот на Средоземното море и дом на културата стара илјадници години. Серија базирана на романот на Џејн Остин, „Гордост и предрасуди“ која ги прослави Аси и Демир.

Па така, во редот на репризи на турски серии, очигледно следни се и други успешници од Сител телевизија како Љубов и казна, Фатмаѓул, Бурни времиња или луксузни драми како Притаени страсти и Ифет од Канал 5. Но, ќе видиме која следна е на ред за рециклажа.

 | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

error: Содржината е заштитена!