Почетна / МК Сцена / Младиот фолк пејач Игор Андреевски ја промовира „Да сум сонце“

Младиот фолк пејач Игор Андреевски ја промовира „Да сум сонце“

Новата песна на Андреевски претставува стара македонска тема, која долго време не била преработувана, а во себе носи длабока порака за зачувување на културното и духовното наследство. Во текстот се опеани црквите и манастирите што народот низ вековите ги градел со труд, посветеност и љубов, посакувајќи да го зачува христијанскиот дух и благодарноста кон Бога.

Видеоспотот пак, е реализиран од страна на екипата на Дејан Ѓоргиев и Арт Студио продукција, едни од најеминентните имиња во македонската видео-продукција, кои зад себе имаат голем број успешни проекти за врвни македонски музички уметници. Професионалната камера, внимателно избраните локации и уметничката обработка придонесуваат „Да сум сонце“ да добие силен визуелен печат.

Особено место во видеозаписот зазема планината Бистра, една од најживописните природни убавини во Македонија. Камерата пренесува впечатливи мотиви од нејзината традиција, архитектура и природни пејзажи, што создава автентична атмосфера и силно визуелно доживување. Андреевски истакнува дека, покрај силниот текст, токму мелодијата била таа што го привлекла да ја сними песната.

„Песната е пeвлива и навистина привлечна за човечкото уво. Има нешто што веднаш допира“, вели пејачот, кој е познат по својот топол вокал и автентичен фолк израз.

Андреевски јавно порача дека е отворен за соработка со композитори и автори. Тој прифаќа предлози и преаранжмани за песни што би одговарале на неговиот вокал и стил, бидејќи, како што истакнува, „композиторите со поголемо искуство најдобро знаат да препознаат што ќе прилега на нечиј глас“.

Со „Да сум сонце“, Игор Андреевски уште еднаш го потврди својот правец – фолк кој ја слави традицијата, духовноста и македонскиот музички идентитет.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Jack Daniel со нова песна за ноќни журки: за повесело Скопје

Скопје добива нова музичка химна за ноќниот живот! Со енергија што се чувствува уште од …

error: Содржината е заштитена!