Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / ААВМУ со предлог за прекршочна постапка против Сител и Канал 5

ААВМУ со предлог за прекршочна постапка против Сител и Канал 5

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги изврши програмски надзор врз програмите на националните Сител и Канал 5, чиј предмет е непочитување на член 53 ставови 5  и 17 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (забрана за лажно претставување производи и услуги и невистинити и нечесни аудиовизуелни комерцијални комуникации). При тоа беше констатирано следново и изречена јавна опомена до двете телевизии.

Овој месец, Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Сител и ТВ Канал 5 за да утврди дали радиодифузерите постапиле по Решенијата за преземање меркa јавна опомена.

При надзорот е констатирано дека ТВ Сител и ТВ Канал 5 и покрај мерката јавна опомена, на 21 и 26 април 2022 година продолжиле да емитуваат телешопинг спотови за производи од операторот со храна „Натура терапи“, во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите, односно аудиовизуелните комерцијални комуникации се невистинити и нечесни, со што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критиката е добра работа да те освести – отец Пимен во „Нешто конкретно“

Помеѓу Ресен и Малме каде му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира …

error: Содржината е заштитена!