Почетна / Забава / По Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа… Брајан Адамс!

По Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа… Брајан Адамс!

Финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Скопскиот џез фестивал од 14-ти до 17-ти октомври на МРТ 3

Од 14ти до 17ти октомври ќе се одржи Скопскиот џез фестивал. Покрај квалитетната музика, главниот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!