Почетна / Забава / Млада и атрактивна пејачка „заљубена до уши“ во Ален Хасановиќ?!

Млада и атрактивна пејачка „заљубена до уши“ во Ален Хасановиќ?!

 

Млада и атрактивна пејачка од минатите кругови на „Ѕвездите на Гранд“ е лудо заљубена во нашиот Ален Хасановиќ, ексклузивно дознава ТВ Пакет.

 

 

Имено, меѓу натпреварувачите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ се шират шпекулации дека на големата сцена се појавила љубов помеѓу згодниот Ален Хасановиќ и една од натпреварувачките која за жал го напушти шоуто.

 

 

Името на натпреварувачката се уште се држи во тајност, но прашање на време е кога ќе биде обелоденето јавно доколку навистина станува збор за љубовна врска бидејќи Ален постојано е во фокусот на вниманието на медиумите.

Според нашиот извор, Хасановиќ веќе потпишал договор со продукцијата „Гранд“ и официјално станал дел од големото музичко семејство, но наводната врска со пејачка ја крие од јавноста по нејзиното инсистирање бидејќи наводно не сакала да му пречи во музичката кариера и да ги разочара стотиците девојки кои постојано му пишуваат.

Ален Хасановиќ е еден од фаворитите за победа на ова регионално натпреварување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Skopje Calling 2020 на 12-ти септември open-air на стадионот АРМ

За петтото јубилејно издание на SKOPJE CALLING Festival кое ќе се одржи на 12-ти септември …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!