Почетна / Забава / Пеѓа Јовановиќ на 27 јули во Битола – концерт на ,,Ракометно игралиште”

Пеѓа Јовановиќ на 27 јули во Битола – концерт на ,,Ракометно игралиште”

Пеѓа Јовановиќ, кој во моментов е еден од најпопуларните и најбарани изведувачи и човек кој без голема реклама полни концертни сали ширум регионот, на 27 јули, за првпат ќе одржи голем концерт во Македонија и тоа на „Ракометно игралиште” – Битола.

Емотивниот пејач кој со своите песни ја освои публиката, на 27 јули доаѓа во Битола, а сите присутни може да очекуваат музичка ноќ која долго ќе се прераскажува, вонсериска атмосфера и светско доживување.

Неговите песни влегуваат под кожа, а потврда за истото е и неговиот албум “24/7” кој и после неколку месеци од неговото објавување, се уште не се симнува од врвот на музичките листи, како и распродадените 8 сали во “МТС Дворана” во Белград, со кој уште еднаш докажа зошто е најбараниот меѓу колегите.

И после сите искушенија и предизвици кои му ги приреди животот, конечно дојдоа неговите 5 минути слава, а Пеѓа максимално ги користи.

Пеѓа Јовановиќ освен со неговите авторски песни, успешен е и во преработките на песните од неговите колеги, што нималку не е чудно за неговата публика. Затоа дојдете на 27 јули во Битола, заедно да уживаме во песните на Пеѓа Јовановиќ.

Влезниците се пуштени во продажба, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Brothers Tobacco на Широк Сокак, како и во Литература – Битола.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!