Почетна / Филм / Ова се филмовите во филмскиот новогодишен маратон на Телма

Ова се филмовите во филмскиот новогодишен маратон на Телма

По новогодишната поинаква програма на Телма, следува филмска ноќ која стартува од 1 часот по полноќ. Прв во филмскиот маратон е “Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на МИ6 е испратен во Берлин за време на Студената војна за да го истражи убиството на колега агент и да ја врати исчезнатата листа на двојни агенти.

Крунскиот скапоцен камен на Тајната разузнавачка служба на Нејзиното Височество, агентката Лорејн Бротон (Терон) е еднаков дел од шпионажата, сензуалноста и дивјаштвото, подготвена да употреби која било од нејзините вештини за да остане жива во нејзината невозможна мисија. Испратена сама во Берлин за да достави непроценливо досие од дестабилизираниот град. Tаа соработува со началникот Дејвид Персивал (Џејмс Мекавој) за да управува со најсмртоносната шпионска игра.

По “Атомската русокоса”, следува “Тајните на петтиот сталеж”, драматичен трилер заснован на вистински настани и приказна која суштински го потресе светот откривајќи ги тајните информации на најмоќните сили.

Приказната започнува кога основачот на Викиликс Џулијан Асанж (Бенедикт Камбербач) и неговиот колега Даниел Домшајт-Берг (Даниел Брул) се здружуваат за да надзорници на привилегираните и моќните.

Тие создаваат платформа која им овозможува на свиркачите анонимно да објавуваат тајни податоци, фрлајќи светлина на темните точки на владините тајни и корпоративните криминали.

Наскоро, тие објавуваат повеќе опасни вести отколку најлегендарните светски медиумски организации заедно. Но, откако Асанж и Берг ќе добијат пристап до најголемата ризница на доверливи разузнавачки документи во историјата на САД, тие се борат еден со друг. Прашање на нашето време е: која е цената на чување тајни во слободно општество и која е цената за разоткривање на истите?

Петтиот сталеж во модерната терминологија значи блогери и членови на алтернативно новинарство. Овој филм ја прикажува нивната мисија да ги откријат измамите и корупцијата во владејачките класи и нивното прераснување во организација од чии информации се плашеа и најмоќните.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!