Експанзија на турските серии во соседна Бугарија. Дневните термини на главните канали и вечерните термини на вторите нивни канали се буквално преплавени од турски серии.

И тоа буквално најновите серии од Турција кои уживаат големи рејтинзи во матичната земја. Па така, на бТВ започна добропознатата “Добрина”.

На нивниот втор канал Стори, пак, во попладневните часови се емитуваат премиерни епизоди од сапуниците “Грешници” и “Крваво цвеќе”, по што во вечерните термини следуваат високобуџетните “Мојот прекрасен живот”, “Bahar”, “Uzak sehir” и “Güller ve günahlar”.

Слична е ситуацијата и на конкурентската телевизија. Вo дневните термини на Нова се емитуваат турската сапуница “Аманет” и “Црно срце”…,


… а пак на нивниот втор канал во прајмтајм одат високобуџетни серии како најновата сезона од “Шербет од брусница”, “Aldatmak” и наскоро “Esref ruya”.

Интересно е што во европска Бугарија, дневните сапунски турски серии во ниеден случај не се емитуваат во вечерни термини, туку вечерните термини се наменети исклучиво за турски прајмтајм серии од високобуџетни продукции.

Турските серии се емитуваат на четири канали, во просек по 3 премиерни серии на секој од нив.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
