Почетна / Филм / Ова лето ТВ 24 нѝ го носи стариот гламур на холивудските класици

Ова лето ТВ 24 нѝ го носи стариот гламур на холивудските класици

Вистинско изненадување за возрасната генерација приреди ТВ 24 ова лето. Ретро кино со најпознатите филмови од холивудската кинематографија во црно бела снимка. Познатите приказни со големите актерски имиња конечно на едно место и тоа секоја вечер во 20.45 часот.

Џон Вејн, Гери Олдмен, Френк Синатра, Џин Кели, Гери Купер, Роберт Мичам, Џек Лемон, Џејмс Дин, Софија Лорен, Грејс Кели, Ава Гарднер, Марлон Брандо, Кларк Гебл, Грегори Пек … се имињата од златната ера на Холивуд кои оставиле траен белег кога е во прашање квалитетот на филмската индустрија.

Преку филмските класици од минатиот век ова лето ќе уживаме во стариот холивудски гламур, беспрекорната глума и божествената убавина. За прв пат во Македонија, најголемите филмски наслови на сите времиња ексклузивно на ТВ 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни филмови за викенд на Алфа, на ред се „Hunted“ и “Damage”

Ако од понеделник до петок по централните вести следите политички дебати на Алфа, за време …