Почетна / Забава / Светски познатите „One Republic“ следната година во Скопје

Светски познатите „One Republic“ следната година во Скопје

 

One Republic – групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1ви јуни во Метрополис Арена.

 

 

Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот „Native World“, што ако не се лажеме досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја.

 

 

Кога е пак во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“, тука навистина се е кристално јасно – One Republic се дефинитивно најактуелениот поп – рок бенд во светот во моментов.

Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како headliner-и на многу големи светски фестивали. Инаку One Republic во моментов е на актуелна европска турнеја на која најблиску во регионов доаѓа во Словенија на 16ти Ноември во Арена Стожице – концертот е распродаден две недели пред одржување со неверојатни 16.000 продадени билети!

За концертот на One Republic кој ќе се одржи на 1-ви Јуни во Метрополис Арена, билетите ќе бидат пуштени во продажба на 24ти Ноември, а за цената и останатите детали ке ве информираме до крајот на идната недела.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветто издание на прилепскиот Џез фестивал на 27, 28 и 29 август

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!