Почетна / Сапуници / Од почеток до крај – турската трилер серија „Крај“ на Dizi каналот
"Крај" - од понеделник до петок на А1 операторот - премиерно во 22.20 часот, репризи во 09.20 часот наутро и 16.50 часот попладне

Од почеток до крај – турската трилер серија „Крај“ на Dizi каналот

За љубителите на мистериозните трилери, на кабловскиот канал Dizi од понеделник (14 декември) со емитување започнува турската серија “Крај”, одамна емитувана и прекината на Канал 5 телевизија. Овојпат од почеток ќе имате можност да дознаете каков е крајот на “Крај” за прв пат на Dizi во Македонија.


Ајлин е убава млада жена која работи како архитект и е мажена за Селим. Тие имаат убав живот, богати се, успешни во работата и имаат седумгодишен син. На роденденската забава на нивниот син доаѓа и нивниот пријател Халил со сопругата Алев. Халил е партнер на Ајлин во архитектонската компанија и е пријател на Селим од детството.

Селим израснал со семејството на Халил затоа што како мал ги загубил родителите и братот близнак во сообраќајна несреќа. Но за разлика од Селим, Халил не е среќен во бракот со Алев.
По роденденот, Селим заминува на службено патување во Германија, а Ајлин се надева дека тие денови ќе поминат што е можно побрзо. Но вечерта, Ајлин дознава дека авионот во кој се наоѓал нејзиниот маж се срушил. Таа е тажна и осамена иако нејзините пријатели се обидуваат да ја утешат.

За неа тоа е крај за убавиот живот, но не и крај на работите кои ги дознава по несреќата. Прво, авионската компанија не дава многу информации за несреќата. Второ, таа дознава дека Селим не се качил на тој авион, туку го напуштил аеродромот со непозната жена. Ајлин сфаќа дека целиот живот живеела во лаги и дека нејзиниот маж криел големи тајни.

Улоги: Nehir Erogan, Yigit Ozenser, Engin Altan Duzyatan, Erkan Can, Berrak Tuzunatac​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Запознајте ја малата и талентирана Мелек од „Ќерката на амбасадорот”

“Ќерката на амбасадорот”, од понеделник до петок на Канал 5. Серија за една љубов, чија …

error: Содржината е заштитена!