Почетна / Сапуници / Од гигантот што ја создаде „Скриени страсти“ доаѓа нов хит на Сител

Од гигантот што ја создаде „Скриени страсти“ доаѓа нов хит на Сител

Од следната седмица ексклузивно во Македонија доаѓа нова латиноамериканска теленовела “Дива земја”. Се работи за приказна снимена во продукција на гигантот Телемундо, кој ги создаде незаборавните “Скриени страсти”, “Розевиот дијамант” и “Барајќи го тато”.

Потсетете се на селската идила со која се одликуваа поранешните мегауспешни утрински новели. Овојпат, Сител телевизија ве навраќа во времето поминато со одличните актерски имиња, живописниот амбиент на плантажите и безизмерната љубов, родена во срцето на една дива земја.

Приказна за две фамилии, за кои слогата станува погубна, а љубовта се претвора во омраза. Приказна за голема земја, израсната од пријателство и страст, а уништена од крв и солзи. Интриги кои ќе се испречат на патот на љубовта меѓу Аурора и Хуанхо, вашите нови омилени јунаци.

Бидете со нас и дознајте го први датумот на започнување на најновата Телемундова новела, снимена минатата година. Ексклузивно на Сител – доаѓа “Дива земја”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!