Почетна / Филм / Од авторката на „Хари Потер“ доаѓа фантастичен филм на МРТ 1

Од авторката на „Хари Потер“ доаѓа фантастичен филм на МРТ 1

Втор дел од спектаклот „Фантастични ѕверки“, чиј автор е прославената Џ.К. Роулинг, која ги воодушеви гледачите со серијалот за Хари Потер и за сите љубители на волшебниците. Петок, 18 ноември 2022 година на МРТ 1 23.35 часот.

Моќниот волшебник Гелерт Гриндервалт успева да побегне од заробеништво и да се скрие на тајна локација во Париз, каде планира да ги обедини своите следбеници кои ќе му помогнат да ја исполни својата последна цел. Тој сака да завладее со сите суштества кои не се волшебници.

Албус и Гелерт во серијалот за Хари Потер биле многу блиски, а сега тој сака да ги осуети плановите на Гелерт и за таа цел Албус го запознава својот поранешен студент Скамандер со овој проблем. Тој се согласува да му помогне на Албус, но ни самиот не е свесен какви опасности го очекуваат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!