Почетна / МК Сцена / Видео | Ново домашно музичко талент шоу – „Ѕвезда број 1“ на 1 ТВ

Видео | Ново домашно музичко талент шоу – „Ѕвезда број 1“ на 1 ТВ

Ново домашно музичко натпреварување. По М2 потрагите по ѕвезди, Македонски Идол, Кастинг талент шоу… следува ново талент шоу и тоа ексклузивно на 1 ТВ. Жаре Бербер и актерката Нина Деан се водители на шоуто кои тргнуваат во караванот за потрага по следната македонска музичка ѕвезда.

Од понеделник до петок јавноста ќе има можност да ги запознае талентираните Македонци преку 30 минутни емисии на 1 ТВ, а потоа следуваат гала емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите кои ќе ја поминат првата селекција.

Првите 10 финалисти ќе добијат песна со видеозапис, додека за победникот ќе се снима цел музички албум и ќе добие договор со продукцијата. Листата со награди допрва ќе се зголемува, а новата ѕвезда ќе ја добиеме за три месеци.

Доколку сметате дека имате талент да бидете дел од нашата македонска естрада и да го повторите успехот на Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозаноски, Јана Бурческа, … тогаш дојдете на аудициите кои се одржуваат во повеќе градови низ земјата и станете Ѕвезда број 1.

Makedonijo, dojde vreme da peeme! Bidete podgotven za najgolemoto Muzicko Talent Shou vo Makedonija! Karavanot trgnuva! Ako ste talentirani i imate zelba da zastanete na golema scena, ova e sansa da go pokazete vasiot talent i da stanete 🌟Zvezda broj 1🌟 na @1tv_mk Audiciite zapocnuvaat vo #gevgelija #strumica #kavadarci i #stip ☝️☝️☝️☝️🎤📸🎥🎤Kandidatite spremni so 2 kompozicii, edna makedonska I edna stranska..So sreka! 🍀🌟Sabota 13 April -Gevgelija- Pionerski Dom vo 12hSabota 13 April -Strumica – Select vo 18hNedela 14 April – Kavadarci – Reborn vo 12hNedela 14 April – Stip – Dom na mladi vo 18hZvezda Broj1 zaedno soMermeren Kombinat AD PrilepPepsi МакедонијаZEGINVitaminka@1tv_mk@melfestprilep@tomatoproduction@elena__petreska

Gepostet von Zvezda Broj 1 Talent Show am Dienstag, 9. April 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва е концертот на Лозано – бидете дел од мега настанот !

Авалон ги информира фановите на Влатко Лозаноски дека во продажба се последните  влезници за концертот …