Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нови имиња на местото на Цеца и Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“

Нови имиња на местото на Цеца и Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“

Цеца Ражнатовиќ и Ана Бекута не се појавија на снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, што изненади многумина, пренесуваат српските медиуми.

Како што изјавија од Гранд продукција, Ана Бекута од оправдани причини нема да присуствува на следното снимање, а на нејзино место ќе дојде пејачот Драган Којиќ Кеба, кој исто така ќе ја преземе работата со нејзините кандидати во следните пет емисии.

На местото на Цеца ќе биде нејзината колешка и пријателка Ивана Питерс, која вообичаено ѝ помага да ги подготви кандидатите.

Причина за отсуството на Цеца во некоја или некои од наредните емисии е тоа што пејачката е болна и грипот за кратко ќе ги одложи нејзините снимања во најгледаното музичко натпреварување во регионот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Естрадното шоу „Stars“ се емитува на Канал 5, но на ФБ – си оди на Алфа?

Ова лето, естрадната емисија на Ивана Јанковска, насловена како Stars, направи трансфер од Алфа на …

error: Содржината е заштитена!