Почетна / Сапуници / Новата играна успешница „Ќерките на Фазилет“ конечно и на Сител

Новата играна успешница „Ќерките на Фазилет“ конечно и на Сител

Како плачот на виолината кој носи звуци на некои бурни времиња, како тагата која ја носат лисјата кога паѓаат, во прегратките на една љубов и казна… Толку различна, а толку блиска со судбината на Фатмаѓул, Дила или Аси. И толку силна, и толку нежна како секоја жена, како и секоја мајка. Мегахитот “Ќерките на Фазилет” конечно и во Македонија само на Сител телевизија.

До каде ќе стигне амбицијата на една мајка која своите разурнати соништа ќе реши да ги оствари преку животите на нејзините две ќерки? Колку е голема желбата за пари за да се згази целото човеково достоинство?

Приказната за Фазилет и нејзините две ќерки е новата вечерна посластица исполнета со многу интриги, многу завери, многу лаги, неверства, но и многу љубов за сите романтични души кои ќе уживаат повторно во една нова карасевда, која навестува вистинско парампарче во тв рејтинзите.

Бидете со нас и очекувајте ја содржината за “Ќерките на Фазилет” и стартот на новата турска успешница.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Децата на „Тажна жена“ добија награда и се расплакаа на сцена

Солзи и емоции на доделувањето на престижните турски награди “Altın Kelebek” (Златна пеперутка). Имено, на …

error: Содржината е заштитена!