Почетна / Сапуници / Нова трилер мини серија „Осмиот ден“ на кабловскиот канал TDC
Познатите турски актери во андреналинска трилер акција

Нова трилер мини серија „Осмиот ден“ на кабловскиот канал TDC

Од понеделник до петок на кабловската TDC (оператор А1) може да ја следите новата турска мини серија “Осмиот ден”. Репризите се неколкупати дневно, плус омнибус во текот на викендот.

Ова е приказна за Бахар, која живее среќен живот заедно со сопругот Ахмет. Смртта на нејзината мајка Шехназ за момент ќе ја порази Бахар, која не може да си дојде при себе и да поверува во трагичната авионска несреќа. Шехназ била успешен софтверски инеженер која програмирала револуционерен национален софтвер со што нејзината компанија станала многу успешна.

Но, при приликата на активирање на софтверот, се случува упад во системот, ќе биде поставена замка и на тој начин целата држава е во шок. Убијците на мајката, сега тргнуваат и по ќерката. Бахар ќе мора да се соочи со непријателите во една опасна игра на акција и стапици, а во таа борба со мафијата, ќе ја изгуби и довербата која ја имала кон сопругот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!