Почетна / Серии / Со МТВ 1 и Давид Роко ги запознаваме убавините на Италија

Со МТВ 1 и Давид Роко ги запознаваме убавините на Италија

По „Големото американско железничко патување” секоја недела наутро на МТВ 1 се емитува документарна серија за убавините на Италија.

Дaвид Роко се враќа во саканата Италија, но овој пат за да ги доживее градовите на сосема поинаков начин. Милано, Верона, Венеција, Чинкве Тере, Болоња и главниот град на Италија Рим се местата што ќе ги посети во серијата „Давид Роко, Убавата Италија“.

Придружете му се на Давид додека истражува познати локации на досега невиден начин, каде што луѓето и нивните приказни се испреплетуваат со уметноста, музиката и храната. Од космополитскиот и жив Милано, преку романтичните канали на Венеција сè до вечниот Рим, оваа серија го доловува начинот на кој Италијанците го слават животот и ја живеат сопствена Долче Вита: со добра храна, хумор, страст и спонтаност.

Недела, 09.30 часот на првиот канал на МТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!