Почетна / Серии / Полицискиот процедурал „Чикаго ПД“ во 23.30 часот на Сител

Полицискиот процедурал „Чикаго ПД“ во 23.30 часот на Сител

Од среда (14 декември) на местото на “Одмаздник” (Taken) стартува нова американска полициска серија. “Чикаго ПД” е серија за луѓето кои ќе стават се на коцка за да би служеле на законот. На NBC се емитува од 2014та година во досега шест сезони и е дел од франшизата на процедурали за полициските оддели во Чикаго.

Одделот на чикашката полиција се состои од две потполно различни единици – полицајци во униформи кои патролираат по улиците борејќи се против злосторствата и единица на известувачи кои се борат со најтешките криминални дела во градот, како организираниот криминал, препродавањето на дрога и убиства на високи функционери и личности. На чело на овој оддел се наоѓа наредникот Ханк, енигматичен човек кој е подготвен да го заобиколи и законот само за да ја добие правдата.

Притисокот на неговото водство може да го издржат само најцврстите и најжилави подредени. И покрај проблематичното минато кое го врзува со шефот, детективот Антонио претендира да стане главен во таа единица. Тој не се предава ниту попушта и покрај секојдневните препирки со Ханк. За полицајците по улиците, чија амбиција е да станат дел од елитната единица, секој ден да се преживее е нов предизвик. Многу акција и адреналин следува од понеделник до петок во 23.30 часот на Сител, веднаш по последните вечерни вести.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. …