Почетна / Забава / Евровизија / Нов дебакл – Македонија претпоследна на детската Евровизија

Нов дебакл – Македонија претпоследна на детската Евровизија

Грузија по четврти пат победи на детската Евровизија одржана во Мадрид, Шпанија. Со тоа стануваат рекодери во победа во однос на другите земји.

Македонија го освои претпоследното место и не успеа да остави поголем впечаток ни кај жирито, ни кај публиката. Со ова само се потврдува мислењето на претседателката на Програмскиот Совет на МРТ, која на состанок на ова тело изјави подобро секоја година да сме последни на Евровизија, отколку да не учествуваме.

Ние веќе трета година не учествуваме и ако финански помалку пари се трошат на детската Евровизија, со две неучества на детската, би се обезбедиле средства за главната Евровизија. Нема никаква поента учество на детската, ако не се учествува на главната Евровизија. Обично земјите кои сакаат да штедат како Србија, Грција, Словенија и други се откажуваат од детската Евровизија за да имаат повеќе средства за главната Евровизија.

На последната седница на советот членот Гајур Рамадани за Програмата на МРТ за 2025 истакнал дека премногу финансии се даваат за копродукциска програма која е преамбициозна, познавајќи ја финансиската состојба на МРТ. Неговиот предлог е место толку копродукциски проекти, МТВ1 со сопствен кадар, квалитетни новинари да се реализираат тие проекти. На овој состанок два члена гласале воздржано. Да потсетиме сите 11 члена на Советот гласаа за учество на Евровизија трета година по ред. За спортските проекти МРТ во 2024 година платила 91 милион денари или 1,5 милиони евра. Копродукциските проекти оваа година чинеле 175 милиони денари или 2,8 милиони евра. За 2025 година тие се покачени на 278 милиони денари или 4,5 милиони евра.

Да потсетиме според извештајот на МРТ за трошоци за Евровизија 2022 во Торино, МРТ платила вкупно 5.450.000 денари или 88 илјади евра. Оваа бројка е помала дури за 50 пати од планираниот буџет за копродукциски проекти за 2025 година. Останува и понатаму нејасно зошто не се одвојат дел од овие средства за Евровизија и за достојно претставување таму, а не македонските гледачи да ги гледаат националните избори на соседите и да навиваат за нив.

ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

error: Содржината е заштитена!