Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Нора: Јас се омажив од љубов, не затоа што Марко е Македонец

Нора: Јас се омажив од љубов, не затоа што Марко е Македонец

Поранешната водителка, Нора Шаќири Марковиќ, во најновото интервју на Бекстејџ зборуваше за мајчинството и бракот со Марко Марковиќ.

Нора и Марко го имаат двегодишниот син Ијан, па за „Бекстејџ” открива на што ја научило мајчинството и колку ја променило како личност.

„Мајчинството ме направи потрпелива. Конечно го сфатив она трпение-спасение. Одеднаш добив сила за многу работи за кои сум велела дека нема шанси да ги направам. Сите мајки се менуваат откако ќе се породат и го имаат тоа чувство дека можат сè”, вели Шаќири Марковиќ за „Бекстејџ”.

Нора се породила со царски рез, но на прашањето дали породувањето е најголемата болка што една жена може да ја доживее, вели:

„Најубавата и најтешката работа е да си мајка. Кој ќе каже поинаку лаже, греши или не е мајка за да може да знае. И покрај тоа што се породив со царски рез, беше болно. Меѓутоа, поради силата што ми ја даде детето, станав после само еден ден”, искрена е Нора.

За коментарите, прашањата и осудите за нејзинит мешан брак, вели дека во 21-ви век нема смисла да се зборува за тоа кој со кого е во брак, дали се развел…

„Исклучително ми е досадно да зборувам на таа тема. Јас се омажив од љубов, не затоа што Марко е Македонец. Немам веќе што да додадам на оваа тема, досадно ми е кога за тоа ме викаат во емисија”, признава новинарката.

Погледнете го целото интервју на Нора за „Бекстејџ”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма вработува новинар за деск и за веб сајтот

ТВ Телма вработува новинар на работна позиција деск и новинар на веб страната www.telma.com.mk. за …

error: Содржината е заштитена!