Почетна / Филм / „Англија е моја“, биографска драма за еден уметник, недела на Телма

„Англија е моја“, биографска драма за еден уметник, недела на Телма

📅 недела, 4 декември, Телма
⏰ 19:45, по “Код” – England is mine

Стивен е младо, интелигентно и болно срамежливо момче. Пишува и живее за растечката локална музичка сцена во Манчестер во 70 –те години, во тоа време мрачен индустриски град, со изненадувачки енергична суп-култура.

Кога ќе собере храброст да излезе од својата сенка, создава препознатливи, со емоции исполнети песни. Сепак, славата го заобиколува. Неговите соништа исчезнуваат и не му останува ништо освен празните и изгубени денови во канцеларијата каде што работи како државен службеник.

Потсетувањето на неговата мајка и неговата сродна душа пријателката Линдер да “биди свој, бидејќи сите други се зафатени”, му дава позитивен ветер да биде уметник каков што секогаш требал да биде. Гитаристот на легендарните The Smiths во 1982 почнува соработка со Стивен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Необичната романса „Palm Springs“ сабота навечер на Телма

Необична романтична комедија во која две непознати лица, гости на свадба, се наоѓаат во бесконечна …

error: Содржината е заштитена!