Почетна / Сапуници / Љубов, сплетки и пресврти во „Суровиот град“, ексклузивно на Сител

Љубов, сплетки и пресврти во „Суровиот град“, ексклузивно на Сител

Нова серија од градот во кој и злото има име. Град во кој и најневините ја губат невиноста, а најдобрите стануваат сурови и злобни. Суров град во кој амбицијата е посилна од срцето, а желбата е поттисната од инстинктот.

Бидете подготвени за нова доза на драматичност, неочекувани изненадувања и шокантни пресврти.  Бидете подготвени за тоа што следува, затоа што следува – “Суровиот Град”, ексклузивно на Сител телевизија.

Модерна играна продукција со интригантна приказна и ликови, подготвени на сè за да опстојат зад ѕидините на суровиот град крај Босфорот. Доколку ги сакавте “Украден живот” и “Ќерките на Фазилет”, тогаш ова е серијата што долго ја очекувавте.

Завземете ги местата крај малите екрани. Проследете ги последните авантури на вашиот обожуван “Романтичар” и подгответе се за “Суровиот град”. Сите детали околу емитувањето очекувајте ги само на ТВ Пакет.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Турската актерка Мине Тугај ја гледавме во улогата на опасната Шениз Карачај во турската драма …

error: Содржината е заштитена!