Наташа Стојановска од сега е главен и одговорен уредник на телевизија Телма
Почитуваната Стојановска ја знаеме како одличен и професионален новинар уште од времето на А1 телевизија, а потоа беше дел и од ТВ 24, Телма и Блумберг Адрија телевизија како водител и уредник на дебатни емисии.
Сега, Стојановска застанува на чело на програмскиот дел на Телма. Дали ова ќе донесе некакви драстични промени во програмата на Телма?
Тимот на ТВ Пакет од срце ја честита новата функција на Наташа Стојановска со желба да продолжи уште поуспешно, но и да го задржи добро познатиот концепт на телевизијата со одлична информативна програма, но и квалитетни филмски наслови за викенд, европски и американски серии во прајмтајм и омилените латиноамерикански серии за дневната публика.
Дани | ТВ Пакет