„Кафе со мирис на жена“ e летниот ТВ хит со кој се дружат гледачите на телевизија Телма од понеделник до петок во 20.30 часот.

Една од најпопуларните латиноамерикански приказни доби нов живот во 2021 година со Лаура Лондоњо како Гавиота и Вилијам Леви како Себастијан Ваљехо, а зад серијата се кријат неколку интересни факти.

Серијата од 2021 година која се прикажува на Телма всушност е нова адаптација на легендарната колумбиска теленовела од 1994 година, создадена од Фернандо Гаитан, истиот автор кој подоцна го создаде и светскиот хит „Грдата Бети“ (Грдата Лети, Не давај се Нина).

Во оригиналната верзија од 1994 година, Гавиота и Себастијан ги играа Маргарита Роса де Франсиско и Гај Екер, додека во новата верзија, улогите им припаднаа на Лаура Лондоњо и Вилијам Леви.

Помеѓу двете верзии поминале дури 27 години, а продукцијата од 2021 година се снимала во колумбискиот регион на кафето, во близина на местата каде што била создадена и оригиналната серија.

Прекрасната хациенда „Касабланка“ навистина постои. Локацијата што ја гледаме во серијата е Hacienda Venecia, сместена во планинскиот предел кај Манизалес во Колумбија.

Уште една интересна работа е дека Лаура Лондоњо не е само Гавиота пред камерата. Таа ги изведува и песните на Гавиота во оваа Телма теленовела.

Приказната е толку успешна што ова не е нејзината прва преработка. Пред верзијата од 2021 година, во Мексико беа направени уште две познати адаптации и тоа „Cuando seas mía“ (2001, А1 телевизија) и „Destilando amor“ (2007, Сител телевизија).

Интересно е што новата верзија првично се емитуваше во Колумбија во 2021 година, а потоа доби огромна меѓународна публика преку стриминг, а ја откупија и сите земји во регионот. Гавиота и Себастијан уште еднаш докажаа дека некои љубовни приказни не стареат.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
