Почетна / Филм / Неделна вечер на МРТ 1 со американската комедија „Tи бркаш!“

Неделна вечер на МРТ 1 со американската комедија „Tи бркаш!“

Комедија од 2018-та година на 9 мај на МРТ 1 во 21.30 часот. Снимен со буџет од 28 милиони долари и заработка од три пати повеќе, во овој филм, главните улоги им припаднаа на Ed Helms, Jake Johnson, Annabelle Wallis, Hannibal Buress, Isla Fisher.

Филмот е инспириран од неверојатна вистинска приказна. Еднаш годишно, петмина пријатели кои сакаат да се натпреваруваат, поминуваат цел месец и играат игра, која ја играат уште од прво одделение. Сите се на 40-годишна возраст, повеќе или помалку успешни и реализирани, а последните дваесет-триесет години меѓусебно се бркаат на неверојатни начини, во несекојдневни ситуации.

Но, притоа ја ризикуваат работата и меѓусебните односи. Оваа година играта се совпаѓа со датумот на венчавката на единствениот непоразен натпреварувач, кој треба да биде лесна цел. Но, тој ги чека..и подготвен е да се соочи со нив.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!