Почетна / Телевизија / Во потрага по вистината и преку границите, наскоро на 1 ТВ

Во потрага по вистината и преку границите, наскоро на 1 ТВ

Нерешени убиства, криминални приватизации, мито и корупција, перење пари, бегства од правдата, офф шор компании, судски лавиринти, фингирани судски случаи, злоупотреба на моќ, криминално подземје, елитна проституција. Актуелни и поранешни политичари, министри, бизнисмени, јавни личности, судии, обвинители, доктори, безбедносни служби… никој нема да биде амнестиран.

1ТВ во соработка со Обвинителство, МВР, Правда, сите релевантни и надлежни државни институции, ќе ви ги даде одговорите што отсекогаш сте ги барале. Пред ваши очи целосно ќе ги разобличи сите оние кои во изминатите близу 30 години ја доведоа државата на работ на социјален амбис. Тие кои од осамостојувањето енормно се збогатија а граѓаните ги донесоа до просјачки стап. Додека обичниот човек во Македонија едвај врзуваше крај со крај, матните ликови ги полнеја нивните банкарски сметки во европските земји и префрлаа милиони црни пари во даночните раеви.

Се она што другите го премолчуваа или не беа доволно храбри да го истражат, Инсајдер ќе го објави. Наскоро на 1ТВ, ќе стартува емисијата која ќе открие многу за тие за кои се знае малку. Она што во соседството крена огромна прашина, беше способно да руши влади, да разоткрива регионални моќници а го стави и подземјето во паника, доаѓа и во Македонија!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …