Почетна / Спорт / Нашиот Рико овој викенд на МРТ 3 ќе вози во „Порше Карера Куп 2020“

Нашиот Рико овој викенд на МРТ 3 ќе вози во „Порше Карера Куп 2020“

Најперспективен македонски возач автомобилист, Ристо Вуков Рико викендов ќе ја вози својата прва трка на стартот на Купот Порше Карера Италија 2020 чиј почеток беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.

Македонскиот автомобилист и покрај неизвесноста поради ограничувањата на границите, сепак успеа да замине во Италија и ги извози првите подготвителни кругови на патеката Муџело со своето возило Порше Карера, тестирајќи го возилото и запознавајќи се со патеката.

Рико седнува во порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот, што е за него е огромна шанса, но воедно и одговорност.

Во сабота (18 јули) е првата трка со почеток од 16:00 часот, а истата ќе оди во директен пренос на МТВ 3, како и во недела (19 јули) кога започнува од 9:50 часот.

Автомобилизам ПОРШЕ КАРЕРА КУП ИТАЛИЈА 2020 – МУЏЕЛО

АвтомобилизамПОРШЕ КАРЕРА КУП ИТАЛИЈА 2020 – МУЏЕЛО1. ТРКА сабота, 16:00 часот2. ТРКАнедела, 09:50 часотгледајте на МТВ 3

Gepostet von МРТ1 Промо am Donnerstag, 16. Juli 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Познатите Македонци со поддршка за ракометарките

Оние кои гордо го виореле македонското знаме на големи настани, знаат колку тежи црвено-жолтата чест. …

error: Содржината е заштитена!